ЗА НАС
“TALKING HANDS” или “Раце кои зборуваат” е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Здружението за глуви и наглуви -ТИШИНА Карпош, Скопје, и Меѓународната фондација Борис Трајковски во партнерство со фондацијата СИГНО од Норвешка.
НАШАТА ПРИКАЗНА
Во 2004 година делегација предводена од Претседателот на Сојузот на глуви и наглуви во Република Македонија побараа помош од тогашниот Претседател на Македонија г-от Борис Трајковски, кој веднаш се зазема да и помогне на оваа ранлива група. Непосредно по средбата тој загина во авионска несреќа, но преку неговите пријатели Фондацијата која го носи неговото име остварен е контакти со фондацијата СИГНО од Норвешка и од 2005 година тие две фондации стануваат партнери со цел да им помогнат на глувата популација во Македониј користејќи го долгогодишното искуство на СИГНО во оваа област. Во 2012 година со формирањето на Здружението на глуви и наглуви -ТИШИНА Карпош, Скопје, се продлабочи соработката на глувите лица со Меѓународната фондација Борис Трајковски. Од таа соработка имавме можност да се согледаат сите недостатоци и потреби за зголемена помош и социјализација на глувата популација во Македонија и како резултат на таа соработка во 2017 година произлезе проектот TALKING HANDS кој е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Проектот има две компоненти и тоа:
- Создавање на македонски знаковен речник (www.znakoven.mk)
(знаковниот речник е создаден и одобрен од глувата популација во Македонија) - Обезбедување повеќе работи места за глувата популација во мешана средина и нивна социјализација (глуви лица и лица што слушаат) www.ovosen.mk
КОИ СМЕ НИЕ
Потребата од комуникација е од најголема важност за секој човек со цел да може самостојно да се вклопи во општествениот живот на една држава. Глувата популација има многу помалку можности да го оствари право како би можеле непречено да бидат дел од општеството. Знаковниот јазик е нај употребуваната алатка за комуникација помеѓу глувата популација, но со лицата што слушаат комуникацијата е многу отежната и во многу случаи, невозможна. Овој проект создаден и одобрен од глувата популација во Македонија дава голема можност за квалитетно образование на глувите и наглуви лица, толкувачите на македонски знаковен јазик како и лицата што слушаат, а кој сакаат да го научат знаковниот јазик. Длабоко веруваме дека овој проект ќе овозможи многу поголема социјална инклузија на глувата популација во Македонија и подигање на јавната свест за улогата на оваа ранлива група во општеството во кое живееме. Втората цел на проектот “Talking Hands” е да се овозможат повеќе работни места каде заедно ќе работат глуви лица и лица што слушаат. “ПЕТ НА ДЕН” е можност да се вклучат сите оние заинтересирани глуви или лица што слушаат, а сакаат културата на глувата популација да им ја приближиме на граѓаните во Македонија. Доколку сакате да се запознаете подетално за активностите на овој дел од проектот можете да ја посетите страницата www.ovosen.mk Проектот е имплементиран од Здружението на глуви и наглуви лица – ТИШИНА – Карпош, Скопје и Меѓународната фондација Борис Трајковски преку поддршката од Министерството за надворешни работи на кралството Норвешка.
Доколку имате дополнителни прашања